Објавено на:

Се слушаат експлозии: Се’ уште не е изгаснат пожарот во руската воена база на Крим

t

Во руската воена база во близина на Џанкој на Крим денеска, еден ден по нападот, сè уште има пожар и се слушаат експлозии од магацинот за оружје.

Вршителот на должност премиер на Крим, Сергеј Аксјонов изјави дека пожарот се гасне и од воздух со хеликоптер. Тој исто така наведе дека се трага по извршителите на нападот.

Поради пожарот и експлозиите евакуирани се повеќе од 3.000 луѓе.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека експлозиите во складиштето за муниција на Крим се саботажа.

„Скај њуз” (Sky News) објави дека нападот е извршен од украинските специјални сили кои дејствуваат во Крим, кој е под руска окупација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Песков дециден: Враќање на Крим во Украина…

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека…

Украинскиот заменик министер за одбрана: Можеме да…

Украина не се откажува од враќање на…

Зеленски: Колку што знам јас, ние не…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави…

Пожарникар се повреди при гаснење пожар во…

Во текот на вчерашниот ден, при настанат…

Украинците гневни, Маск со “скандалозен” твит: Крим…

Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон…