Се спрема голема прослава: Споменикот на УЧК во Слупчане ќе биде свечено откриен на 2 мај

На 21-годишнината од војната во која загинаа македонските бранители, споменик вреден 200 илјади евра посветен на борците на УЧК ќе биде свечено откриен во Слупчане. Изградбата беше најавена уште лани на 2 мај, денот кој ДУИ го слави како ден на „бранителите“.
Овој споменик е во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона, рече тогаш Ахмети.
Токму на 2 мај и ќе биде свечено отворена таканаречената „спомен кула“. Настанот го сподели градоначалникот на Општина Липково Еркан Арифи од ДУИ.
За она што мачениците го дадоа за нашата слобода, ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот, пишува тој.
Од другастрана, денеска се навршуваат 21 година од масакрот извршен врз македонските бранители по заседа во Вејце.
Нема потреба повеќе да ни доаѓате во помош. Сите ќе изгинеме за Македонија, беа последните зборови на Илче Стојановски пред да сфати дека нема да добие помош откако биле нападнати и пред радиостаницата целосно да замолкне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џафери на одбележувањето на годишината од основањето…
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат…
Скандалозен потег на Приштина: На собраниската говорница…
Во собранието на Приштина денеска се одбележуваат…
Припадник на УЧК осуден на 26 години…
Салих Мустафа, еден од командантите на терористичките…
Хаос на летот од Брисел за Скопје:…
Патник се соблекол гол до појас, викал…
Нови провокации во Косово: Група Албанци веела…
Група Албанци денеска предизвикаа опасна провокација возејќи…