Се спрема нешто големо: Никарагва дозволи распоредување руски војници,авиони и бродови во државата

Владата на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега дозволи руски војници, авиони и бродови да бидат стационирани во Никарагва за обука, спроведување или одговор на вонредни ситуации.
Опсервер: Никарагва дозволи распоредување руски војници, авиони и бродови во државата.
Со декретот Ортега ќе им дозволи на руските војници да извршуваат задачи за јавен ред, „хуманитарна помош, мисии за спасување и пребарување во итни случаи или природни катастрофи“.
Владата на Никарагва дозволи и присуство на мали контингенти руски војници за „размена на искуства и обука“. Ортега е верен сојузник на Русија откако ја предводеше револуцијата во 1979 година, со која беше соборен диктаторот Анастасио Сомос. Ортега беше претседател од 1985 до 1990 година, а беше реизбран во 2007 година. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека мерката е „рутинска“.
Опсервер: Никарагва дозволи распоредување руски војници, авиони и бродови во државатa.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државниот пазарен инспекторат цели 5 години не…
Од деталите кои ги објави Обвинителството за…
(Видео) Хорор во Прилепската болница – ниту…
Гледач на Инфомакс денеска бил нападнат од…
По 150.000 денари првична помош за секое…
Секое семејство погодено од трагедијата во Кочани…
НСС УКИМ ги повикува сите студенти на…
„Во име на студентската автономија, НСС УКИМ…
Задушување е причината за смртта кај сите…
Причината за смртта на сите 59 загинати…