Се сретнаа двајца од тројцата премиери Албанци на Балканот: Ќе има заедничка владина седница

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита Никола, се сретна и со својот колега Еди Рама.
-Со мојот специјален пријател, премиерот на Косово, Албин Курти, за време на денешниот ручек на кој детално разговаравме за Охридскиот договор и натамошниот напредок во процесот на неговата имплементација, напиша Рама на Фејсбук.
На Албин му ги изразив сите мои симпатии за храброста и реализмот со кои тој направи важни чекори кон нормализација на односите со Србија. Го охрабрив премиерот да преземе понатамошни чекори, како за гаранција на српските општини во рамките на асоцијација која го гарантира самоуправувањето на српската заедница, како и функционирањето со потребните гаранции, на Српската црква во нејзините верски објекти и нејзините богослужби во Косово, уверувајќи го дека во овој не лесен процес ја има мојата целосна поддршка, пишува Рама.
Додава дека се договориле следната заедничка седница на владите на двете земји да се одржи во јуни.
Ова ќе биде деветта заедничка седница на двете влади, по онаа во јуни минатата година.
Првата заедничка седница се одржа на 11 јануари 2014 година во Призрен и беше водена од тогашните претседатели на двете влади, Хашим Тачи и Еди Рама, кои тој настан го оценија како „историски“.
За првпат заедничка седница одржаа и парламентите на двете земји на 27 ноември минатата година во Тирана ден пред одбележувањето на денот на независноста на Албанјја, 28 ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се сретнаа двајца од тројцата премиери Албанци…
Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е…
Шок од косовски политичар: Во европскиот план…
Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Љумир…
Охридскиот договор падна на првиот тест: Српската…
Српска листа соопшти дека одлуката да не…
Голем удар за Србија: Блинкен вели пет…
Американскиот државен секретар Антони Блинкен очекува дека…
Курти ги покани Србите во Косово да…
Косовскиот премиер Албин Курти ги повика Србите…