Објавено на:

Се стега обрачот околу Германија: „Гаспром“ го намали снабдувањето со гас преку „Северен тек 1“ за Германија

t

Рускиот енергетски гигант Гаспром го намалува својот максимален волумен на испорака на гас преку гасоводот Северен тек 1 Балтичко Море до Германија за 40 проценти, наведувајќи го како причина доцнењето на поправките од страна на Сименс, соопшти денеска компанијата.

Единицата за компресор за гас не била навреме вратена од поправка. Како резултат на тоа, сега може да се испумпува само до 100 милиони кубни метри гас преку гасоводот секој ден, или околу 60 проценти од претходно планираниот дневен волумен од 167 милиони кубни метри гас, се вели во извештајот.


Низ Европа расте загриженоста откако Русија го прекина снабдувањето со гас за неколку земји кои се спротивставија на нејзината инвазија врз Украина. Европа во голема мера се потпира на рускиот гас и се бори да најде алтернативни извори. Сепак, многу земји сè уште купуваат руски гас, што помага да се одржи руската економија, пренесува ДПА.

За Германија, „Северен тек 1“ е главниот цевковод за снабдување со руски гас. Гасот веќе престана да се испумпува низ гасоводот Јамал-Европа. Значително е намален и транзитот на руски гас низ Украина. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Србија: Четири млади момчиња загинаа…

Неколку часа по полноќ на локалниот пат…

Полски медиум: Калининград можеше да биде наш,…

Полски "Онет": Калининград можеше да биде наш,…

Притисок врз Ердоган: Турција да го направи…

Француската министерка за надворешни работи, Катрин Колона, вели…

Бугарски режисер ги попари неговите: Спорот со…

Не можам да ги разберам немирите околу…

Шумахер вода може да му носи: Возач…

Министерството за внатрешни работи информира дека во…