Се трага по возачот на голфот: Сѐ уште е мистерија дали момчето било само во возилото
Утрово во 8 часот продолжи потрагата по возачот на „голф 4“ откако вчера не беше пронајдено, ниту лицето, ниту неговото тело, откако возилото излета од мостот на Вардар кај селото Желино и падна во реката.
Од СВР Тетово за Плусинфо информираат дека потрагата за возачот се врши од двете страни на реката Вардар.
– До овој момент не е пронајдено лицето, или евентуално лицата кои биле во возилото. Од 8 часот утрото продолжи пребарувањето на водите на Вардар, во што се вклучени полициски службеници на МВР, односно СВР Тетово. Екипите го пребаруваат теренот од двете страни – ни изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Сѐ уште не е познато дали возачот бил сам во возилото. Како што може да се дознае од медиумите на албански јазик станува збор за 22-годишниот Е.Р. од Куманово, а исто така информираат дека членови на неговото семејство биле на местото на несреќата и потврдиле дека станува збор за тоа момче.
Вчера попладнето од Центарот за управување со кризи информираа дека повеќе тимови се вклучени во потрагата и дека водите ги пребаруваат нуркачи.
– Освен специјализирана екипа од МВР, шест припадници на ТППЕ Тетово и шестмина вработени во Општина Желино во протрагата се вклучени и специјален тим нуркачи од ДЗС Велес. Потрагата е во тек – информираа од ЦУК.
Паднатиот автомобил вчера од реката Вардар беше извлечено со помош на градежни машини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светската здравствена организација одржува итен состанок-се појави…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска одржува итен…
Николоски: За двокатна куќа во внатрешноста не…
Заради притисокот што потекнува од Законот за…
Ќе дојде ли заладувањето кај нас: Обилни…
Делови од Црна Гора и Хрватска денеска…
Зеленски бара поддршка од Западот да продолжи…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците…
Се слави Св. Стефан летен, светецот со…
Православните верници го слават денот посветен на…