Објавено на:

Се трупаат војници на границата со Газа, не се очекува ништо добро во наредниот период, предупредува конзулот на Србија во Израел

t

Почесниот конзул на Србија во Израел, Александар Николиќ, изјави дека ситуацијата во Израел денеска е помирна и дека сите 21 борбена зона, активирани со нападот на Хамас врз Израел во саботата, се изгаснати и дека нема повеќе отворени конфликти на територија на Израел.

„Израелските одбранбени сили (ИОС) го пребаруваат теренот од страв дека сè уште има поединци што би можеле да дејствуваат на теренот“, изјави Николиќ за телевизијата „К1“.

Тој посочи дека Израел трупа војници на границата со Појасот Газа и дека во иднина не може да се очекува ништо добро.

„Ова е промена на правилата на играта. Воените аналитичари овде укажуваат дека ако Израел сака адекватно да одговори на Хамас, тогаш Хамас мора да биде фатен без стража. Ситуацијата е крајно загрижувачка, така што не е можно да се очекуваат добри вести во наредниот период“, рече Николиќ.

Тој посочува дека веќе се извршени 200 напади на израелските воздухопловни сили, а се концентрираат војниците на веќе мобилизираните резервни единици.

„Повеќе од 130.000 се активни во зоната на акција, а вкупно се мобилизирани повеќе од 300.000 резервисти. Би рекол дека ова е период на болен и громогласен молк пред сериозни безбедносни предизвици. Сакам да потсетам дека портпаролот на ИОС им рекол на жителите на Газа кој може – да не се двоуми да побегне во Египет“, рече Николиќ.

Како што додаде, рано е да се очекува примирје бидејќи, според податоците, бројот на загинати се искачи на повеќе од 900.

Најавата за копнена офанзива, преполнувањето на израелските војници по должината на границата со Појасот Газа, како и фактот дека во Газа повеќе нема струја, вода и храна, тој ги гледа како порака до сите страни дека треба да направат сè за да се минимизираат цивилните жртви, над кои, како што вели, се наѕираат темни облаци.

Според него, во Израел никаде не работат основните и средните училишта, почна да има недостиг на минерална вода, на пример, бидејќи постои страв од проблеми со водоснабдувањето поради таргетирањето на инфраструктурните јазли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бил Клинтон итно хоспитализиран

Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон бил хоспитализиран…

Царинска управа: Спречено криумчарење на злато, лекови,…

Во текот на минатата недела, царинските службеници…

Зеленски му наложил на украинското МНР да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно…

Зошто Тошковски дозволи Груби да избега, прашува…

„Со потсмев ги следиме обидите на ВМРО-ДПМНЕ…

Османи за Груби: Се надевам дека ќе…

Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер во…