Се уште активен шумскиот пожар над кичевското село Туин

t

Се уште е активен шумскиот пожар над кичевското село Туин, опожарена е ситностеблеста шума и сува трева.

На локализација на пожарот интервенираат вработени во ШС„ Лопушник“, а за утре е најавена побројна екипа во гаснењето на пожарот.

– Пожарот се протега на површина од два хектари, а неговото ширење е помогнато од ветерот кој дува од северен правец, изјави Анета Спасеноска, одговорна за пожари во ШС„ Лопушник“.

Таа додаде дека пожарот е далеку од селските куќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Волкановски до Мекрегор: Ајде да се бориме,…

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар…

Кој би можел да стои зад нападите…

Сè уште не е јасно кој стои…

САД СО ДВЕ БАРАЊА ДО КОСОВО: „Повлечете…

Амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховенир…

ВО ПЕТОК НИ ДОАЃА СПОЕН ВИКЕНД –…

По неколкуте празници во месец мај, ни…

ДА ПОМОГНЕМЕ: Отворени се и телефонски броеви…

Потребно е да се соберат средства, за…