Се јави и “македонскиот Бугарин” Митрев: Примитивизам и болно општество – “Македонските Бугари” пееле за победата на Бугарија

„Покажавме примитивизам и во какво болно општество ги воспитуваме нашите деца.
Ова го напиша Добре Митрев – претседател на Здружението за македонско-бугарско пријателство, или како што тој милува да каже “македонски Бугарин”.
Неговата реакција се однесува на иссвиркувањето на бугарската химна и скандирањата на трибините во текот на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Бугарија.
„Да го навредувате другиот не значи дека го сакате своето. Оној што поттикнувал на тепачка, прво нека ги научи зборовите на македонската химна“, напиша Митрев.
„Една песна вели: „Да плачам или да пеам?“ Македонските Бугари синоќа станаа дел од неа. Плачеа затоа што Македонија изгуби – нивната земја, а пееја затоа што Бугарија победи. Бев на стадионот и седев на трибините на македонските навивачи. И за прв пат се радував што моите деца растат надвор од оваа средина. Синоќа требаше да се извици за поддршка на фудбалот.Таму имаше се друго, но не и поддршка за омилениот тим.
Синоќа требаше да навиваме за фудбал. Немаше ништо друго освен аплауз. И како што се случува на крајот, казната секогаш доаѓа. А и сите глупави да беа синоќа на стадион, зборовите на „Мила Родино“ беа посилни од се“, напиша Добре Митрев на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјоделците во Бугарија ќе блокираат патишта и…
Во Бугарија денеска почна националниот протест на…
Бугарија во паника: Пронајден дрон, не се…
Модуларна формација за отстранување муниција од поморската…
Бугарски генерал го подбра бугарското разузнавање: Зарем…
Бугарскиот генерал Атанас Атанасов, кој воедно е…
Јотова се надева дека “Македонија ќе ги…
„Мора да се искористат сите напори на…
Бугарскиот премиер Денков ги нарече производителите на…
„Не преговарам со терористи“ – вака бугарскиот…