СЗО предупредува: Омикрон е како цунами, за 71 отсто покачен бројот на заразени од ковид

t

Светската здравствена организација соопшти дека минатата недела се забележани рекордни 9,5 милиони случаи на ковид-19 ширум светот, со напомена дека зголемувањето на неделниот број на инфекции од 71 отсто се должи на цунамито предизвикано од сојот омикрон.

„Минатата недела се пријавени најголем број случаи на зараза со ковид-19 од почетокот на пандемијата“, изјави генералниот директор на СЗО, Теодрос Гебресијус.


Тој вели дека СЗО е сигурна дека бројот на новозаразени е поголем бидејќи за време на празниците е намален обемот на направени тестирања.

Светската здравствена организација во својот неделен извештај за пандемијата посочува дека биле пријавени и 41 илјада смртни случаи како последица од коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: Нема потреба од масовна вакцинација против…

Нема потреба од масовна вакцинација против мајмунски…

Над 100 новозаразени од ковид вчера

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Ковид амнестија: Во Русија нема да се…

Московските власти ќе престанат да бараат исплата…

Германија со одлична вест за гастербајтерите, се…

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах денеска…

СЗО смирува: Нема докази дека вирусот на…

Светската здравствена организација нема докази дека вирусот…