Зaбpaните за патување не го спpeчуваат ширењето на омикрон, СЗО препорачува отварање на меѓународниот сообраќај

t

СЗО препорачува укинување или ублажување на меѓународната забрана за сообраќај, наведувајќи ја како причина неефикасноста од тие мерки за сузбивање на ширењето на омикрон сојот на коронавирусот.

Здравствена агенција на ОН неодамна ги ажурирала своите препораки за меѓународните здравствени прописи во текот на состанокот на комитетот за итни случаи во средата.

Вклучени се препораки за укинување или ублажување на меѓународните забрани за сообраќај затоа што тие не даваат дополнителна вредност и продолжуваат да придонесуваат за економскиот и социјалниот стрес во некои земји.

Спроведувањето на општите забрани за патување не е ефикасно во сузбивањето на меѓународното ширење и може да го обесхрабри транспарентното и брзо известување за новонастанатите варијанти кои можеби се загрижувачки, се наведува во соопштението од агенцијата, наведува „Гардијан“.

Неуспехот од ограничувањата на патувањата воведени по откривањето и пријавувањето на омикрон варијантата за да се ограничи меѓународното ширење на истиот, покажува неефикасност на таквите мерки во изминатиот период, се наведува во соопштението.

СЗО реагираше на одлуката на повеќе земји да ограничат или забранат летови од жариштата на омикрон сојот и навела и дека некои од нив треба повторно да ги разгледуваат приспособувањата на мерките како што се тестирање и карантин кои претставуваат финансиски товар на патниците.

СЗО исто така изјавила дека барањето за давање доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања можеби не е потребно како единствен пат или услов кој дозволува меѓународни патувања.

Не барајте доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања како единствен пат или услов кој дозволува меѓународни патувања со оглед на ограничен глобален пристап и неправедна дистрибуција на вакцини против Ковид-19. Државите челници треба да разгледаат пристап заснован за ризик за да ги олеснат меѓународните патувања за укинување или модифицирање на мерката, како што се барањата за тестирање или карантин, како поприкладни во состав со насоките на СЗО, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем број на новозаразени од Ковид-19: Четири…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Над 1100 новозаразени, три лица починаа: Ова…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Бајден повторно позитивен на Ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден повторно позитивен на…

Црвен аларм во Србија: Денеска скоро 6000…

Во Србија во последните 24 часа се…

Двајца починати и голем број на заразени…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…