Сиктер ферман за Арафат Муареми

t

„Политиката против правдата – кој го штити Арафат Муареми, и ја попречува правдата во случајот со рекетарската шема во Финансовата полиција?“

„(Документи )Катиљ ферманот на Арафат Муареми – треба да дадеш 50.000 евра за директорот за да се смири ситуацијата!“

„Киднапирање, уцени, закани и рекет: Како оперирал Арафат Муареми?“

„Од 2017-та преку Еуростандард банка се пepeле пари?“

Ова се само дел од насловите и текстовите кои читателите на Инфомакс можеа да ги прочитаат, а се поврзани со работата на веќе екс-директорот на Финансовата полиција, Арафат Муареми кој неславно и многу веројатно со кривична одговорност ќе ја заврши својата кариера.

Непостапување по службена должност, односно премолчување на милионски криминал, корупција и злоупотреба на функцијата ова би биле само дел од работите кои би се нашле во CV-то на Муареми кој од денес е без работа.

Веројатно тој е еден од ретките директори на Финансовата полиција кој може да се „пофали“ дека во негов мандат пропаднала една од најголемите банки во Македонија, човек кој не забележа милионски трансфери на пари во случајот „Рекет“, човек кој ја заврши својата кариера рекетирајќи бизнисмени и со киднапирање на државен правобранител.

Ова е случајот поради кој падна Муареми.

Имено минатиот месец беше извршен претрес во седиштето на Финансовата полиција, но и кај директорот на управата Арафат Муареми. При претресот беше издадена наредба за обезбедување на доказен материјал и списи од преку 300 предмети кои биле водени по анонимна пријава во Финансовата полиција.

ОЈОГОКК ја покрена оваа истрага поради основано сомневање дека во Финансовата полиција со која директорува Муареми, инаку кадар на СДСМ, во изминативе четири години се одвивала добро организирана рекетарска шема, која се користела за изнуда на пари од голем број на бизнисмени од земјава.

Конкретниот случај на ОЈОГОКК против Муареми се однесува на кривична пријава против Директорот на Финансовата полиција во која се обвинува дека барал рекет од 50.000 евра за да запре истражна постапка, која била отворена по примена „анонимна пријава“.

Впрочем, и истрагата која ОЈОГОКК ја започна за работата на Директорот на финансовата полиција, сомничи дека со фиктивни анонимки, директорот и неговиот најблизок соработник Љуљзим Јашари отворале истраги кои потоа ги користеле како алатка за изнудување на пари од бизнисмени, со образложение дека ако не платат, тогаш ќе имаат поголеми проблеми.

Поради истиот случај со рекет од 50 илјади евра од бизнисмен од Дебар, инспектор во Управата за финансиска полиција малтретирал и „киднапираше“ државен правобранител, информација за која први дознаа нашите читатели.

Јашари, имено на 29.04 буквално го киднапирал државните правобраните на подрачјето на Струга и Дебар обидувајќи се да изнуди од правобранителот негативно мислење за легализација на објект во Дебар кој ја имал целосната документација и морало да биде легализиран.

Еден ден откако му истече шест месечниот в.д мандат, директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми наводно поднесе оставка од функцијата.

И после сите овие скадали попладнево, Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување.

Веројатно никој во Македонија нема да поверува дека оставката Муареми ја дава по сопствено убедување туку многу веројатно истата е резултат на огромниот притисок во македонската јавност.

А сега сиктер…

Линкови до претходните објави:

Инспектор „киднапирал“ државен правобранител – Поднесена е кривична пријава

(Документи)Катиљ ферманот на Арафат Муареми – треба да дадеш 50.000 евра за директорот за да се смири ситуацијата!

Од 2017-та преку Еуростандард банка се пepeле пари?

Киднапирање, уцени, закани и рекет: Како оперирал Арафат Муареми?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јандриоски до политичарите: Не пишувајте утешителни статуси…

Политичарите во Македонија побрзаа на Фејсбук да…

Ашковски разочаран: Заслужувме многу повеќе од двата…

Очекувано не можеше да се сокрие разочарувањето…

Борисов за иссвиркувањето на бугарската химна: Соседите…

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов го…

И покрај поразот Милевски смета дека сме…

Македонија вечерва го загуби последниот натпреват во…

(Видео) За малку ќе беа “пошљакани”: Тензијата…

Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кој вечерва се играше на…