Силен замјотрес ги тресеше грчките острови

t

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди островите во јужна Грција.

Нема податоци за материјална штета и повредени.

Земјотресот е регистриран денеска околу 17 часот источно од Крит на длабочина од околу девет километри, соопшти Институтот за геодинамика од Атина.

Се чувствувал на Крит, но и на островите Карпатос, Касис, Родос и Санторини.

Околу 18 часот земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 16 километри.

Земјотреси од овие магнитуди не се невообичаени во Грција, која се наоѓа во близина на спојот на африканските и евроазиските тектонски плочи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема непријатели во вакви моменти: Грција испраќа…

Спасувачки тим, лекари, кучиња спасувачи и специјално…

(Во живо) СТРАШНО! Земјотресот од 7,7 степени…

Во врска со земјотресот што се случи…

Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат…

Грција и Бугарија мора да ја признаат…

Се работи на инвестиција на нов гасовод…

Сите влади работат во специфични услови зашто…

Грците убивале и силувале жени и деца:…

Колежот во Загоричани Италијанците не го виделе…