Силен земјотрес го погоди Иран

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Јужен Хорасан, на истокот на Иран, јави Анадолија.
Земјотресот, чиј епицентар бил во близина на градот Босруџа, е регистриран во 16:54 часот по локално време, објави иранската агенција ИРНА.
Наведено е дека земјотресот е регистриран на длабочина од осум километри. Генералниот директор за управување со кризи во провинцијата Јужен Хорасан, Мухамед Али Ахунди, изјави дека земјотресот се случил на околу три километри од Босрује и дека екипите за итни случаи биле испратени на местото на настанот. Засега нема информации дали има жртви или материјална штета во земјотресот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 17 години Лукашенко повторно во посета…
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко пристигна во Иран. Лукашенко…
Уапсени над сто лица во Иран осомничени…
Во Иран се уапсени над сто лица,…
Нетанјаху: Израел има право да се брани…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повтори правото…
Избувнаа протести во Иран поради масовното труење…
Загрижени родители протестираа во иранскиот главен град…
Германија избрка двајца ирански дипломати поради изречена…
Германското Министерство за надворешни работи денеска прогласи…