Силни експлозии се слушнале рано утринава во украинскиот град Мелитопол

Силни експлозии се слушнале рано утринава во украинскиот град Мелитопол, кој е под руска контрола, јавува ТАС С од местото на настанот.
Агенцијата Риа Новости јавува, повикувајќи се на изјавата на функционерот на руската цивилно-воена управа на регионот Запорожје, Владимир Рогов, дека нешто по полноќ се слушнале четири експлозии и дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле два украински ракети.
„Како резултат на операцијата на руските системи за противвоздушна одбрана во областа Мелитопол, беа соборени две ракети истрелани од милитантите на вооружените сили на Украина врз цивилната инфраструктура и станбените области на градот“, објави Рогов на Телеграм.
Тој за ТАС С појасни дека, според првите информации, вооружените сили на Украина го гранатирале градот од повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…