Синдикатите попладнево на штрајк во Скопје, бараат зголемување на платата од 2.806 денари

Првомајскиот протест на ССМ започна попладнево во Скопје, а штрајкувачите порачаа дека „Без пари нема работа“ барајќи зголемување на платата за сите од 2806 денари.
„Без лихвари, газди и банкари можеме, без работници не можеме“, гласеше една од пораките на штрајкувачите на ССМ.
Синдикалците побараа и договори за вработување на неопределено време, но иставање крај на мобиногт.
„Додека ти се подготвуваш за пикник, колегите одат да се борат за твоите права“ беше слоганот под кој се мобилизираше членството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за денешниот првомајски штрајк.
На протестот се присутни членови на ССМ од повеќе градови – Куманово, Неготино, Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Велес, а предводник е претседателот на Сојузот, Дарко Димовски.
Штрајкот почна пред зградата на ССМ, продолжи кон Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора, а планирано е да заврши пред Влада од каде ќе бидат упатени и барањата на работниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица го подбра Димовски: Синдикатот треба да…
Политичката партија Левица реагира на молчењето на…
ССМ бара средба со Владата, ако не…
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и…
Владата е од друга планета?! Народот мака…
Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…
Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…
Димовски: Да им се помогне на работниците…
Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија,…