Синот на Катица Јанева: Ќе дојде ден кога мајка ми ќе каже се! Кај нас не бараа милиони туку прислушувани разговори

t

Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатот Лазар Јанев, во интервју за „А1он“ откри нови детали за случајот „Рекет“ во кој беше осудена Јанева, оценувајќи дека пресудата била донесена без докази, како и дека како шефица на СЈО, неговата мајка трпела силни притисоци „од сите“.

„Има што да каже, премногу собира за овој период, сметам дека има толку многу информации што едноставно може да експлодира од нив. Ми има кажано само дел. Има време, млада е уште, и да остане пресудата како што е, ќе дојде ден кога таа ќе каже што ѝ лежи на срце“, вели Лазар Јанев.

Тој раскажа за претресите во нивниот дом, следењето на нивните телефони, а се осврнува и на прашања поврзани со работата на Катица Јанева во сега згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО).

„Многу работи сега стануваат јасни“, вели тој.

„Кај нас не дојдоа да ја бараат гарнитурата ниту, пак, милиони, туку друго. Кај нас се бараа прислушкувани разговори. Првата наредба за претрес јас ја прочитав и пишуваше УСБ стикови, хард дискови. Имаше мала фонтана во дворот каде живееше мајка ми и во фонтаната се бараше. Се бараа и во пералната, секаде се бараа. Истата работа се случи и по 40 дена. Дојдоа, бараа прислушкувани разговори и еден од истражителите пред мене се јави и претпоставувам дека разговараше со Вилма Русковска кога кажа ‘Јас најдовме тука е’, мислеше на гарнитурата која беше ишарана од нашата внука. Ние ни на крај памет не помислвме на таква работа“, вели Јанев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со “амин” од Врховен, Катица и Боки…

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот…

Синот на Катица Јанева: Ќе дојде ден…

Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатот Лазар…

Боки 13 до Камчев: Парите да си…

Бојан Јовановски одговорно тврди дека ниту зел…

Ковачевски барал директорот на Финансовата полиција веднаш…

Арафат Муареми ќе биде сменет од функцијата…