Објавено на:

Сирија ги прекина летовите поради израелски воздушен напад во близина на аеродромот

t

Сирија ги прекина сите летови до меѓународниот аеродром во Дамаск по денешниот израелски воздушен напад во областа во близина на аеродромот, објави провладиниот весник Ал Ватан, наведувајќи само дека пистата е оштетена.

Државната новинска агенција САНА потврди дека сите летови се прекинати бидејќи „дел од опремата на аеродромот престана да работи“, но не го спомна нападот.

Сириските државни медиуми неколку часа претходно објавија дека Израел рано утринава од воздух нападнал некои воени позиции јужно од Дамаск, дека едно лице е рането и претрпено материјална штета.

Според Сириската опсерваторија за човекови права, израелски ракети денеска ги погодија магацините на либанскиот Хезболах и иранските сили во близина на аеродромот.

Израел ретко ги коментираше нападите во Сирија, но рече дека извршил стотици воздушни напади таму од почетокот на војната таму во 2011 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шолц го осудува секој обид за негирање…

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска му рече…

Турција и Израел ги обновуваат дипломатските односи!

Турција одлучи да именува амбасадор во Израел…

Палестинскиот претседател го обвини Израел за холокауст…

Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера предизвика бес…

(Видео) Ново пукање во Ерусалим: Осуммина се…

Вооружен маж синоќа отворил оган во автобус…

(Видео) Најнови снимки од појасот Газа: Изрелскиот…

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц, по…