Сите освен Таче биле на конгресот на СИРИЗА: Маричиќ се пофали – Договорот од Преспа е симбол на прогресивни политики

Договорот од Преспа е симбол на храбри и прогресивни државнички политики кои обезбедија стабилност, развој и прогрес, за нас и генерациите кои доаѓаат, напиша вечерва вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејбук-профил.
-Сириза и СДСМ како сестрински партии со храбри одлуки и преку солидарност, прогресивни политики и искрено пријателство го вратија духот на соработката во Југоисточна Европа и на Западен Балкан.
Подадената рака на помирување на двете држави и народи, денес значи силно силно сојузништво во НАТО, 100 отсто поддршка на нашата земја на европскиот пат и меѓусебна почит, напиша Маричиќ, кој присуствуваше на третиот Конгрес на СИРИЗА во Атина.
Подобрата иднина, како што наведе, ја носат партиите од левицата и од социјал-демократското политичко семејство.

Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој ќе го наследи Ципрас: Каселакис и…
Со 45,47 отсто од гласовите, Стефанос Каселакис…
Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ од Црна Гора: Време е за…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Грчки пратеник: Преспанскиот договор придонесе за признавање…
Пратеникот на прогресивната алијанса на СИРИЗА и…
Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…
Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…