Сијарто ветува напредок за Србија: Косовското прашање да не биде услов за влез во ЕУ!

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто изјави дека прашањето за Косово не треба да биде услов за евроинтеграциите на Србија и вети дека за време на унгарското претседателство со ЕУ, во втората половина на 2024 година, ќе има поголем напредок на патот на Србија кон ЕУ.
„Држиме “скрстени прсти” за успех на дијалогот меѓу Србија и Косово и веруваме дека оваа ситуација може да се реши само со преговори. Но, ние не го прифаќаме прашањето за Косово како услов за европската интеграција на Србија“, изјави Сијарто во Њујорк.
Тој изјави дека ЕУ во моментов, за жал, е во многу лоша состојба.
„Ние, Унгарците, сме за зајакнување на ЕУ. На прашањето како можеме да ја зајакнеме Унијата, нудиме одговор, а тоа е проширување. Колку што можеме да се прошириме, ќе бидеме посилни“, уверен е Сијарто.
Во оваа смисла, тој посочува дека на Европа и е потребно што поскоро да се приклучи Западен Балкан.
„Најважната земја на Западен Балкан е Србија. Во интерес на Европа е Србија што поскоро да се приклучи. Не можеме да го прифатиме однесувањето на Брисел и на некои западни земји кон Србија, затоа што навистина веруваме дека на Унијата и треба Западен Балкан повеќе отколку на регионот Унијата“, рече Сијарто.
Затоа се надева дека веќе оваа година ќе биде забележан напредок во однос на процесот на пристапување на Србија во Унијата, пренесува Спутник.
„Ако тоа не се случи, тогаш следната година, за време на унгарското претседателство, ќе преземеме огромни чекори. Тоа можам да ви го ветам“, рече Сијарто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ на средби со Лавров, Шаленберг, Сијарто…
На маргините на 30. Министерски совет на…
Унгарија не поддржува почеток на преговори за…
Унгарија нема да го поддржи предлогот на…
Дачиќ: Да не ни се држат лекции…
Замолувам да не ни се држат лекции…
(Фото) Лавров на средби со значајни дипломати…
Министерот за надворешни работи на Руската Федерација,…
Будимпешта: Ќе ја продолжиме соработката со Русија…
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер…