Сијарто: Унгарија е подготвена за зимата благодарение на Русија

t

Унгарија е добро подготвена за зимата благодарение на тоа што успеа да ја одржи соработката со Русија и да обезбеди сигурно снабдување со енергија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто во интервју за унгарскиот весник „Немзет“.

„Снабдувањето со енергетски производи на Унгарија е безбедно бидејќи успеавме да ја зачуваме соработката со Русија, врз основа на здравиот разум. Мојот колега Сергеј Лавров исто така ме увери дека Русија и руските компании ќе ги исполнат своите договорни обврски, дека ќе ги испорачаат количините на природен гас, нафта и нуклеарно гориво наведени во договорите. Нашето искуство од минатото ја потврдува таа констатација“, изјави Сијарто.

Како што додаде, Унгарија е добро подготвена за претстојната зимска сезона.

„Капацитетот за полнење на унгарските складишта за гас значително го надминува европскиот просек, а испораките кои постојано пристигнуваат ќе обезбедат снабдување на земјата со енергија во текот на зимата“, рече Сијарто.

Претходно, Сијарто изјави дека Унгарија постигнала договор со Русија за можноста за одложено плаќање на гасот и испорака на дополнителни количества енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арапскиот е мајчин јазик на третина од…

Според најновите податоци на Дирекцијата за образование,…

Истурила киселина врз љубовникот: 59-годишниот маж се…

Вистинска љубовна драма се случила во Неготин…

Двајца полицајци повредени во експлозија пред зграда…

Двајца полицајци се повредени по силна експлозија…

Со дрон се бара телото на маж…

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР…

Бербок во Дамаск: Една понуда и многу…

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена…