Објавено на:

Сијарто: Унгарците нема да ја плаќаат цената на војната во Украина

t

Унгарската влада инсистира на тоа дека Унгарците нема да ја плаќаат цената на војната во Украина, изјави синоќа министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто за локален медиум изјави дека Унгарците на никаков начин не се виновни за избувнувањето на војната во Украина, па доколку Европската комисија има намера да воведе ембарго на руската нафта, мора да гарантира дека тоа нема да влијае на Унгарците или на унгарската енергетска безбедност.


Доколку во моментов се усвои ембаргото за нафта, што е дел од шестиот пакет санкции на Европската комисија, Унгарија нема да може да ја добие суровата нафта што и е потребна за да ја одржи економијата, рече министерот за надворешни работи.

Владата ќе го прифати предлогот само доколку „ЕК понуди решение за проблемот што го создаде“ – рече тој.

Првиот проблем е што унгарските рафинерии за нафта ќе треба да бидат технички модифицирани, што ќе чини 500-550 милиони евра. Ако Унгарија мора да увезува сурова нафта од други извори освен од Русија, цените на горивата ќе пораснат за 55 до 60 проценти.

Сијарто додаде дека членките на ЕУ се согласиле во Париз пред неколку месеци дека секој чекор за намалување на зависноста од руската енергија ќе мора да ја земе предвид специфичната ситуација на секоја земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Литванија ќе продолжи да го блокира Калининград

Јасно ѝ кажав на претседателката на Европската…

На Украина им се брза: Зеленски бара…

Украина прифатила дека членството во НАТО повеќе…

Унгарија смета дека брз прекин на огнот…

Унгарија повика на итни мировни преговори за…

Рама: Разочаран сум од ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, се чини не…

Владата чека нов француски предлог, ама можно…

Францускиот предлог спорното прашање не го стави…