Скандалозен е пристапот на власта кон делото на Делчев, вели опозицијата

Власта крајно нетранспарентно води преговори со Бугарија и не и кажува на јавноста што содржи пакетот одговори, ниту пак каков е ставот во однос на јазикот, историјата, ликот и делото на Гоце Делчев и останатите револуционери и други идентитетски теми, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Власта крајно нетранспарентно води преговори со Бугарија и не и кажува на јавноста што содржи пакетот одговори, ниту пак каков е ставот во однос на јазикот, историјата, ликот и делото на Гоце Делчев и останатите револуционери и други идентитетски теми, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа е крајно скандалозно. Штом ги нема официјалните документи на увид на јавноста, тоа остава сомнеж дека се подготвува нов пазар со националните и државните интереси.
Ако власта е подготвена не само декларативно, туку и со дела да покаже дека го почитува ликот и делото на Гоце делчев и неговото значење за револуционерната борба за македонска државност, тогаш треба да ја поддржи Декларацијата која пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја достави до Собранието на Република Македонија.
На тој начин ќе се покаже сплотеност околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна Република Македонија, но и значи одговор на негаторските ставови по однос на македонската историја и борба за државност.
Декларацијата базирана на европските принципи е во насока на достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можат дополнително да ги зајакнат демократските темели на државата и на општеството. Во исто време повикува на институционално и општествено вреднување на делото на Гоце Делчев во годината кога се одбележуваат 150 години од неговото раѓање.
Власта е на потег“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) Мицкоски е способен за навреди,…
Кога гледате од која кујна доаѓаат сите…
(Во живо) Арсовска: Ова раководство на ДПМНЕ…
Се работи за човек кој разединува наместо…
Груевски: Не сум разговарал со пратениците, јас…
Сум немал никаков разговор ниту влијание врз…
Николовски: Цело ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните…
Цело ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени…
(Видео) Зошто СДСМ не реагира и не…
Зошто СДСМ не реагира на работата на…