Објавено на:

Скандалозен предлог на Латвија: Изолирајте ги целосно!

t

Рига – Претседателот на Латвија најави дека сите етнички Руси кои живеат во неговата земја и кои не се лојални на латвиската влада треба да бидат изолирани од општеството.

Зборувајќи за позитивните и негативните последици од конфликтот во Украина за неговата земја, претседателот на Латвија Егилс Левитс истакна дека актуелното горливо прашање е „дел од руското општество кое не е лојално на државата во која живеат“

Наша задача е да се справиме со тоа и да ги изолираме овие луѓе од општеството, објави латвијската национална телевизија ЛСМ.

Ова, вели тој, би бил негативниот ефект од војната во Украина, а позитивен би бил тоа што се зголемил патриотизмот и национализмот кај неговите сонародници, како и свеста за цената на зачувувањето на мирот.

Раша потсетува и дека латвијската влада претходно донесе одлука за отстранување на неколку споменици од советската ера и покрај силното противење на руското национално малцинство кое живее таму.

При уривањето на еден таков споменик, припадниците на руското национално малцинство организираа протест, при што имаше и помали инциденти за кои беа приведени 14 лица.

Протестот се одржа поради уривањето на споменикот во Паркот на победата во Рига, кој беше поставен во 1985 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во среда ќе нема струја од 4…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…

Хидранти нема ни во Совет на Општина…

Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…

(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!

Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…

Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…

На почетокот од 59. минута од вечерашниот…

Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…

Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…