Скопјанец извршил преправка на сообраќајната дозвола, па го продал возилото

Кривична пријава против Г.Н.(33) од Скопје, поднесе Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како што денеска информираа од МВР, во текот на 2022 година извршил преправка на сообраќајната дозвола на своето патничко возило во рубриката „важи до”, при што биле преправени вистинските податоци и биле впишани невистинити податоци, односно била преправена годината на регистрација, па наместо до 2021 година било впишано до 2022 година.
Така преправената сообраќајна дозвола ја употребил при изготвување и потпишување на купопродажен договор за оттуѓување на возилото, доведувајќи го во заблуда купувачот на возилото дека важноста на регистрацијата е до 2022 година, соопштија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТВ21: Приведени Ејуп Рустеми и уште три…
Министерството за внатрешни работи досега уапси неколку…
Истрага за злоупотреби при јавна набавка во…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…
Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…
Миовски со посебни копачки против Велс, посветени…
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на натпреварот со Велс во квалификациите за…