Скопјанец украл велосипед од 1.600 евра, па се пишманил и го вратил

t

18-годишен скопјанец е осомничен дека украл велосипед вреден околу 1.600 евра од повозрасен сограѓанин, по што го продал украдениот точак на 20-годишно момче, соопшти МВР.

„На 20.03.2023 во Скопје, полицајци од Полициската станица Кисела Вода го уапсиле Л.Д.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.03.2023 одзел велосипед од Д.К.(58) од Скопје, при што се стекнал со противправна имотна корист од 105.000 денари. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и изјавил дека велосипедот го продал на А.А.Ѓ.(20) од Скопје, а посредувал М.Л.(18) од Скопје, кои знаеле дека е украден“, велат од МВР.

За настанот бил известен обвинител и по негово целосно документирање, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанец крадел претставувајќи се како полицаец

Четириесет иедногодишниот А.К. од велешко Горно Оризари,…

БРУКА! Во болница украле пари, телефон и…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(26)…

Детали од МВР: Приведени две лица за…

Две лица се приведени во врска со…

Прегазен велосипедист во Куманово, возачот избегал

Вчера околу 07.45 часот во СВР Куманово…

Вработени на Онкологија осомничени за кражба и…

Против повеќе лица вработени на скопската Клиника…