Скопјани вчера возеле пијани, без возачки дозволи и со брзина над дозволената – еве колку казни се испишани

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на скопско ги натепал сопствените мајка…
Полицијата вчера уапсила 39-годишен жител на скопско,…
Ѓоковиќ се огласи после поразот: Апсолутно заслужено!
Американскиот тенисер Рајли Опелка го совлада Новак…
Од десетте највредни компании во светот, девет…
На листата на Топ 100 највредни компании…
Инцидент на блокадите во Нови Сад: Автомобил…
На блокадите во Нови Сад се случи…
Кривична пријава за обид за убиство: Еден…
Полицијата поднесе две кривични пријави против две…