Објавено на:

Скоро 50.000 Французи на митингот на Земур: Присутните скандираа “Макрон убиец”

t

На митингот на крајнодесничарскиот француски политичар Ерик Земур на Трокдеро во Париз денеска се собраа меѓу 30 и 50 000 негови следбеници, иако тој тврдеше дека ги има 100. 000, а одбележен беше со скандалозните извици на неговите приврзаници „Макрон убиец!”, јави дописникот на МИА.

„Не сум изненаден”, изјави за БФМТВ Кристоф Кастанер, претседател на парламентарната група „Републиката во Марш” во Националното собрание за толпата која го подржува Земур.

„Парадоксот е што Ерик Земур во својот говор повикува на унија на десницата. И тој не е од десницата, тоа не е републиканската десница. Републиканската десница никогаш не би го направила тоа”, изјави портпаролот на Емануел Макрон.

Некој што нема капацитет да бара од толпата да престане да скандира „Макрон убиец е недостоен за политичка функција “, продолжи поранешниот министер за внатрешни работи.

Долго време поддржувачи на Земур скандираа „Макрон убиец! за време на неговиот митинг на плоштадот Трокадеро во Париз.

„Ерик Земур дозволува толпата да извикува „Макрон убиец”. Силно се борам против претседателот во заминување, но да дозволиме противникот да се третира како убиец е опасно за Републиката. Тоа секако не е правилно! Не е тоа мојата Франција!”, коментираше Валери Пекресе на твитер.

Земур на митингот побара од „Французите со муслиманска вероисповед” да се асимилираат. „Новинарите и политичарите ве лажат. Ве тераат да верувате дека сакам да ве спречам да ја практикувате вашата религија, тоа не е точно”, кажа Земур.

„Ги почитувам сите религии и сите верници, продолжи тој. „Изборот што ви го нудам е да ја прифатите француската култура, јазик, нашата историја, нашите обичаи”.

„Ако не ја сакате Франција, ако не го сакате нашиот народ, нашата култура, нашиот начин на живот и не сакате да бидете Французи, тоа е ваше право, но прифатете го тоа. Јас сум искрен со вас, бидете искрени со Франција. Не е Франција која треба да се прилагоди на вашата култура”, рече кандидатот на крајната десница Ерик Земур.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Голем пожар во центарот на Париз:…

Голем пожар избувна на најголемиот пазар во…

Македонскиот јазик дел од реномиран француски проект:…

Македонскиот јазик е вклучен во важен француски…

И Французите штедат: Ајфеловата кула повеќе нема…

Осветлувањето на познатата Ајфелова кула во Париз…

Макрон солидарен: Ако треба Франција ќе ѝ…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се заложи…

Македонија ќе купува системи за противвоздушна одбрана…

Министерството за одбрана пристапува кон набавка на…