Следи пад на температурите: Ќе имаме облачен викенд со повремен дожд

Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека викендов времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата.
Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Од УХМР посочуваат дека денеска температурата ќе опадне за неколку степени и следува период на променливо облачно и посвежо време наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни вечер и утре преку ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две жени повредени во сообраќајка во Скопје
На 20.03.2023 во 13.15 часот во СВР…
Песков откри за што разговарале Путин и…
Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин…
Љупчо Георгиевски го прогласи за мртов Македонизмот
Последните десет поста ми беа посветени на…
Гаши: Ако Курти ги формира ЗСО, ќе…
Поранешниот советник на косовскиот премиер Албин Курти,…
Ова е најмладиот сериски убиец на Балканот,…
Криминологијата вели дека сериските убијци не се…