Објавено на:

Следната недела разговор меѓу Вучиќ и Путин, ќе се договара цената на гасот

t

Претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ следната недела ќе имаат телефонски разговор, кој ќе биде клучен кога станува збор за гасниот аранжман меѓу двете земји, дознава „Новости“.

Според изворите на весникот, од исходот од овој разговор ќе зависи цената на гасот која ќе плаќа Србија во иднина и колку ќе трае таквиот договорот.


Сегашниот десетгодишен аранжман истекува на 31 мај и почнаа разговорите на ниво на компании меѓу двете страни, но се очекува двајцата државници да ги одбележат и прецизираат условите под кои Србија ќе добива гас пред една од најнеизвесните зими во последните неколку децении.

Ова му дава дополнителна тежина на овој разговор, пишува „Новости“, бидејќи од една страна Белград е притиснат од отворените барања на европските земји и САД да се приклучи кон санкциите против Русија, а од друга страна Србија е земја 100 отсто зависна од рускиот гас.

Затоа разговорот на првиот човек на Србија е исклучително важен и може да има политички и економски последици, пишува „Новости“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинец од Харков уапсен во хотел во…

На 05.07.2022 година во 01 часот во…

Koвачевски: Имам информации дека вечерва се подготвува…

Премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција…

Се огласи синодот на МПЦ – ОА:…

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна…

(Видео) Се вжештува атмосферата пред Влада

Се вжештува атмосферата пред Владата. Иако во…

Песков: „Русија има план доколку НАТО се…

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека…