СЛЕДУВА ВЕРИГА ОД РЕЗОЛУЦИИ ЗА АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИДЕНТИТЕТСКИ АТРИБУТИ: Бујар Османи за најавената резолуција во германскиот парламент

Ова е само почеток, ќе следува верига од такви резолуции од повеќе земји членки – изјави министерот за надворешени работи Бујар Османи, на прашање да ја кометнира најавената резолуција во германскиот парламент, со која ќе биде поздравен идниот прием на Македонија во ЕУ, и ќе биде реафирмирана посебноста на македонскиот јасик и македонскиот национален идентитет.
На прашање како дошло до ваква резолуција, дали е точно дека и друга земја надвор од ЕУ, најверојатно САД ќе донесе слична резолуција, и дали Советот на Европа можеби подготвува сличен чекот, министерот Османи на прес конференција рече дека ова е само почеток.
Нашата акција со земјите челенки на ЕУ е започната уште од денот кога е усвоена Преговарачката рамка. Таа комуникација е непрекината и со задоволство можам да кажам дека почнува да дава резултати од центарот на Европа, почнува од Берлин, од Бундестагот, каде што политичките партии без никакви дилеми и тешки разговори носат резулоција со која ги потврдуваат идентитетските атрибути, тоа што Европската Унија веќе го потврди во Преговарачката рамка, меѓутоа, еве доплнително ќе биде направено, на ниво на држави земји членки на Унијата. И се разбира, ова е само почетокот. Не можам во оваа фаза да ги најавам и другите, сепак е покоректно да бидат најавени од самите земји, меѓутоа ова е само почеток на една верига на такви резолуции, во кои што ќе биде не само потврдено тоа што е во Преговарачката рамка во смисла на идентитестки атрибути, јазик и така натаму – рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Дневен хороскоп за 27 март
Овен Овој ден, конечно ќе можете да…
Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…
До крајот на четврток 27 март во…
Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа
Русија има тајна база за нуклеарно оружје…
Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…
Aston Martin го претстави својот нов модел,…