Слепите лица протестираа пред Владата: Бараат зголемување на додатоците за попреченост

t

Националниот сојуз на слепите лица на Република Македонија денеска одржа протест пред Владата под паролата „Дајте ни ги правата“.

Учесниците во протестот тргнаа од хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ и држејќи се за јаже еден позади друг, стигнаа до пред зградата на Владата, каде што си ги побараа своите права.

Тие бараат зголемување на додатокот за попреченост и за помагала, а од денешниот протест упатија и барање за средба со премиерот Димитар Ковачевски, кој како што кажаапретходно заедно со цечата Влада ги игнорирал.

Со сегашното законско решение, слепите лица за попреченост месечно земаат околу 7.500 денари, а за туѓа нега 4.700 денари. Граѓаните кои денеска протестраа бараат овие додатоци двојно да се зголемат и да се врзат со растот на просечната плата.

Претседателот на Националниот сојуз на слепите, Бојан Селковски истакна дека протестот следи откако на разговорите со Министерството за труд и социјална политика и со претставници од Владата не биле најдени заеднички решенија.

Селковски се надева дека премиерот ќе ги повика на средба. Но, рече дека доколку не добијат никаков одговор ќе го свикаат Извршниот одбор и ќе се одлучи кои ќе бидат следните чекори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР ја искара Македонија: Се однесуваа…

Остра реакција на бугарското МНР по тензијата…

Бугарскиот МВР ироничен: Ќе ви подариме три…

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и…

(Видео) Еве како Ангел Христов и останатите…

Неколку бугарски медиуми и провокатори на социјалните…

(Видео) Нова надеж за уставобранителите: Иницијаторите на…

Сите се сеќаваме на Тиранската платформа која…

Поранешен бугарски заменик МНР: Очекувам судири за…

„Очекувам судири по повод прославата на 151-годишнината…