Словенечкиот премиер Јанша ќе ја посети Украина

t

Словенечкиот премиер Јанез Јанша во следните два дена ќе биде во посета на Украина, потврди неговиот кабинет истакнувајќи дека со овој чин тој сака да ја изрази нивната поддршка за европска перспектива кон Украина.

За време на посетата Јанша ќе оствари средба со претседателот на украинската влада Денис Шмихал, а ќе разговара со претседателот Володимир Зеленски.


Словенија за време на посетата на Јанша ќе и достави на Украина и материјална помош преку механизмите на ЕУ. Станува збор за помош вредна 163.000 евра, а ќе биде дадена во вреќи за спиење, гумени чизми, дизел генератори, ракавици и хигиенски маски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ одобрува дополнителни 500 милиони евра за…

Министрите за надворешни работи на ЕУ се…

Претседателот на кримскиот парламент: Ослободените украински територии…

Претседателот на кримскиот парламент Владимир Константинов ги…

(Видео) Командата не’ предаде, нема муниција, нема…

Потресно видео се појави на You Tube…

Лукашенко: Веќе се формирани единици од илјадници…

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека…

Министерство за одбрана на Русија: Соборивме три…

Руската армија во текот на ноќта собори…