Словенечкиот премиер Јанша ќе ја посети Украина

t

Словенечкиот премиер Јанез Јанша во следните два дена ќе биде во посета на Украина, потврди неговиот кабинет истакнувајќи дека со овој чин тој сака да ја изрази нивната поддршка за европска перспектива кон Украина.

За време на посетата Јанша ќе оствари средба со претседателот на украинската влада Денис Шмихал, а ќе разговара со претседателот Володимир Зеленски.


Словенија за време на посетата на Јанша ќе и достави на Украина и материјална помош преку механизмите на ЕУ. Станува збор за помош вредна 163.000 евра, а ќе биде дадена во вреќи за спиење, гумени чизми, дизел генератори, ракавици и хигиенски маски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

Москва: Украинската армија нападна нафтена платформа во…

Руските медиуми објавија дека украинските сили нападнале…

Русија: Во Киев погодивме фабрика за оружје,…

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека…

На Украина им се брза: Зеленски бара…

Украина прифатила дека членството во НАТО повеќе…

Унгарија смета дека брз прекин на огнот…

Унгарија повика на итни мировни преговори за…