Словенија испраќа тенкови во Украина, за возврат ќе добие камиони и цистерни од Германија

t

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска постигна договор со германскиот канцелар Олаф Шолц за испраќање 28 словенечки тенкови М55С во Украина, за што Словенија ќе добие 40 германски транспортни возила од Берлин, соопшти кабинетот на словенечкиот премиер, а пренесе агенцијата СТА. .

Голоб и Шолц во телефонски разговор се договориле Словенија да добие 35 воени камиони 8х8 и осум тешки цистерни 8х8 од Германија. Кабинетот на премиерот Голоб соопшти дека договорот е склучен „во духот на солидарноста со украинскиот народ“ кој се бори против руската агресија, додека оваа „размена ќе ја зајакне и одбранбената соработка меѓу Словенија и Германија“.

Пред неколку месеци Словенија и Германија преговараа за можноста Љубљана да донира тенкови М84 на Украина, а за возврат да добие помодерни тенкови од Германија. Тој договор се уште не е постигнат. Словенечкиот и германскиот лидер разговарале и за енергетската криза и за ситуацијата во Западен Балкан, каде ја поддржале европската перспектива на земјите од таа област, пишува СТА, пренесе Индекс.хр.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од Општина Центар утре без струја

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа…

Овие 4 хороскопски знаци се родени да…

Астролозите тврдат дека знакот на хороскопот може…

Му впериле пиштол во глава па му…

На 16.08.2024 во ОВР Крушево, А.Ф.(38) од…

Уапсен Турчин на Деве Баир, со фалсификувани…

Денес на Граничниот премин Деве Баир бил…

Нападнати малолетници во Аеродром, Карпош и Гази…

Вчера низ полицисиките станици во Скопје било…