Објавено на:

Снег и во април: На ова место утрово има најмногу наврнато

t

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, нула степени се измерени во Маврови Анови, а максимални седум степени во Демир Капија и Гевгелија.

На Попова Шапка има и најмногу снег 10 сантиметри.


Како што соопшти УХМР, најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал во Гевгелија каде се измерени шест литри на метар квадратен, во Претор и Дојран четири литри, Битола три, Крушево и Попова Шапка два литри, еден литар во Штип, Тетово, Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар и Маврово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски положи цвеќе на споменикот на децата…

Денеска во 11:00часот положив цвеќе на споменикот…

Исмаил: Нели бе Бујар малку е срамота,…

Бујар Османи, Министер за надворешни работи на…

Предлогот не е ниту Француски… Пендаровски, Ковачевски…

Еден од ретките бугарски политичари кој има…

Фуере: Преговарачката рамка е затвор за Македонија!

Поранешниот специајлен претставник на Европската унија и…

(Фото) Започна и средбата меѓу лидерите на…

Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата…