Снежна покривка од 38 сантиметри има на Маврови Анови

t

Во  Берово, Битола и Попова Шапка изутрина во 7 часот се измерени – 4 степени, -3 Скопје-Петровец, Струмица и Прилеп, -2 Кавадарци, Штип, Гевгелија, Маврови Анови, Крушево и Лазарополе, -1 Крива Паланка, Тетово, Куманово, Демир Капија, Велес, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Охрид и Дојран и 1 степен во Претор и Дебар.

Снежна покривка од 38 сантиметри има на Маврови Анови, 20 Крушево, 12 Попова шапка, а во Ѓуриште еден сантиметар.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините долж Повардарието ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…

До крајот на четврток 27 март во…

Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…

Еден од повредените во страшниот пожар што…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…