Објавено на:

Сноуден: Немав избор, останав во Русија

t

Поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден изјави дека не планирал да остане во Русија. Првично, не планирал да остане во Русија, но другите земји не можеле да ја осигураат неговата безбедност.

Во принцип, не планирав да останам во Русија, тоа беше само една станица на патот кон Латинска Америка, со оглед на тоа што Јужна Америка покажа отвореност кон свиркачите во минатото – објасни тој.

Тој објасни дека за време на неговиот 40-дневен престој во транзитната зона на аеродромот „Шереметјево“ пристапил до многу земји за да добие политички азил, но некои земји се плашеле од реакцијата на САД, а други не биле сигурни дали можат да ја обезбедат неговата безбедност.

Немав избор и побарав азил во Русија и го добив – рече Сноуден.

Во јуни 2013 година, Сноуден иницираше голем меѓународен скандал, тој им предаде на „Вашингтон пост“ и „Гардијан“ тајни документи за програмите за следење на специјалните служби на САД и Велика Британија на Интернет. Потоа одлета за Хонг Конг, а оттаму во Москва, каде извесно време беше во транзитната зона на аеродромот Шереметјево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители…

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители…

Трамп: Русија можеби „купува време“, и јас…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека Русија…

Вучиќ со нови ветувања откако ЕУ побара…

Иднината на Србија е во ЕУ, порачаа…

Данска воведува задолжителен воен рок за жените,…

Данска ќе воведе задолжителен воен рок за…

Кој е Џефри Голдберг, уредникот кој беше…

Највисоките американски функционери не можеа да изберат…