Сообраќаен режим на патот кон ГП Блаце, внимателно возете

t

На патот ГП „Блаце“ – Скопје, на потегот каде се во тек градежни работи, од денеска се воведува дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

-ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП „Блаце” – Скопје (клучка „Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП „Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2 километри пред ГП „Блаце” од 17.06.2022 година на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој, соопшти АМСМ.

Упатува препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петре Шилегов знаел за рамковните вработувања во…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено…

На огласот за работна позиција технички секретар…

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина…

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во…

За влез во државата се чека околу…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…