Сообраќајка кај Непроштено: Се судрија два автомобили, повредени 3 лица

Во СВР Тетово вчера во 09.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, кај с.Непроштено, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(43) од с.Нераште и патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(40) од с.Доброште.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Н., а со телесни повреди се здобиле Ш.С. и сопатникот од истото возило, Ј.М.(43) од с.Нераште, констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добро утро со Инфомакс: По патот на…
Во чест на големиот македонски револуционер, апостол…
Добро утро со Инфомакс: Еден чоек шчо…
На денешен ден, 18 јануари 1830 година…
Нема поголеми задржувања на граничните премини низ…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Шоле во “проверка” на Западен Балкан: Најпрво…
Високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле…
Добро утро со Инфомакс: Во шумата јас…
Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот е македонски револуционер,…