Сопругата на еден од притворените членови на обезбедувањето кој кобната ноќ во „Пулс спаси безброј деца: Како да им објаснам на моите малолетни дечиња каде е татко им – не ми веруваат мислат дека изгорел и тој

Мое жално Кочани Во оваа страшна трагедија сите имаме некој близок починат или повреден,но за жал народот се подели на два дела.
‘Марш за починати’ и ‘Протест за слобода на обезбедувањето’ ТОА НЕ Е ТОЧНО
Од денот на погребот,секој ден излегуваме да дадеме почит на починатите и повредените,исто така и за праведно обвинување и судење
Да се пронајдат вистинските виновници !!!
Како да им објаснам на моите малолетни дечиња каде е татко им?
Од работа сеуште не е дојден ?
-Тато изгорел,а ти мамо не ми кажуваш,ме лажеш !
Како да им објаснам?
Каква е неговата психичка состојба? Послем таа ноќ,затворен во 4 ѕида,кога цело Кочани е со психолошка помош ! Во каква состојба ќе дојде дома?
Се уништувам од самата помисла дека би можело и он да биде меѓу починатите или тогаш ќе беше прогласен како херој ?
Јас како сопруга на еден од обезбедувањето, морам јавно да ја кажам состојбата на мојот сопруг.
Тоа кобно утро дома пристигна плачејки,целиот исцрнет,со црни раце ,изгорена облека и патики. Исплукувајќи крв и црнило.Покриен со нечие ќебе дадено од болницата.Плачејќи и викајќи кажуваше за страшната трагедија..Плачејќи ја опишуваше трагедијата и состојбата на неговите блиски пријатели..
Како цела вечер влегувал и излегувал да ги спасува децата На крајот е однесен во болница на кислородна поддршка
При секоја посета во приворот во кој се наоѓа,ми кажува дека со секое затварање на очите ги слуша пискањата на децата , сликата се враќа пред неговите очи.Се гуши
Дали е ист случај како и другите осомничени (потписници на документи) кои таа ноќ си спиеле дома ? Дали има некој совесен во оваа држава ?
Дали некој може да ја замисли неговата состојба,состојбата и на другите членови од обезбедувањето ?
Кога избувнал пожарот,можеле да се тргнат настрана,но тие до последен момент влегувале и спасувале човечки животи
Дозволете им да бидат дома со нивните дечиња,тие им се потребни сега за нивната психичка состојба !
Ако имаат било каква вина по закон, нека сносат одговорност,тоа немора да биде на ваков неморален начин !!!
Пишува Нена Димитријева, сопруга на Столе Боја
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…