Сопругата на командантот на Азов: Звучеше како да се збогува со мене

Украинските борци кои се спротивставуваат на руските сили во тунелите под челичарницата во Мариупол, одбиваат да се предадат и покрај жестоките руски напади, пишува „Скај њуз“, додавајќи дека борбите во последното упориште на украинските бранители во разурнатиот град се интензивираат.
„Нема да се предадат. Се надеваат на чудо“, изјави телефонски за „Скај њуз“ Катарина Прокопенко, сопруга на командантот на полкот Азов Денис Прокопенко, кој е сместен во Азовстал. Таа вели дека разговарала со него на телефон.
Таа рече дека нејзиниот сопруг и рекол дека ќе ја сака засекогаш.
„Полудувам. Тој звучеше како да се збогува со мене“, рече Прокопенко.
Се верува дека во тунелите под Азовстал се уште има околу 2.000 украински борци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа во Драчево, сообраќајот се…
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во…
ДОБРИ ВЕСТИ ОД ВАТИКАН: Папата утре излегува…
Вечерта Папата вечера, јадеше пица, беше заедно…
(ВИДЕО) ТВИТЕР „ПОЛУДЕ“: Кои се четирите зборови…
Гвинет Палтроу го доби судскиот спор против…
Трамп во вторник ќе се предаде на…
Доналд Трамп ќе се предаде на обвинителството…
Макрон следната недела во посета на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон следната недела ќе…