Состојбата со инфлацијата се следи, ако треба ќе има мерки, освен кај алкохолот и цигарите – вели Мицкоски

t

Владата ќе ја следи состојбата во текот на овој месец, а потоа ако има потреба ќе носи економски таргет мерки за намалување на инфлацијата. Ова денеска го најави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекуваат економски мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација која на годишно ниво е 4,8 отсто.

Според Мицкоски, состојбата будно се следи и се разгледуваат мерки. Тој вели дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и како што рече „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“.

„Од нашата анализа, конкретно за мајската инфлација, главниот драјвер на тоа зошто е таа 4,7 отсто на годишно ниво за мај, се два сектора, односно два типа на производи. Тоа се транспортните услуги кои се двоцифрени, над 10 проценти, и блиску до двоцифрени се алкохолот, цигарите и тутунските производи. ​Тука јас навистина не би сакал мерки да применувам“, одговори Мицкоски.

Тој смета дека можеби се потребни уште поригорозни мерки затоа што вели дека целта е да се заштити здравјето на граѓаните.

„Така што, во делот на алкохолните пијалаци, тутунот и цигарите, односно тутунските производи и цигарите, нема потреба од никакви мерки и еве однапред кажуваме дека тука нема да има мерки“, рече Мицкоски.

Што се однесува во делот на транспортот, Мицкоски посочи дека Владата веќе разговара со транспортерите.

„Најголемиот дел е кај авионскиот превоз поради скапиот керозин, којшто е двојно повисок. Така што, тука може да интервенираме повторно во делот на даноците“, рече Мицкоски.

Вчера Државниот завод за статистика го објави извештајот за индексот на трошоците на живот во мај во кој се вели дека има зголемување од 4,8 отсто во однос на истиот месец претходната година. Исто така, беше објавено и дека индексот на цените на мало, пак, е зголемен за 5,6 отсто.

Денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) упатија критики до Владата и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за лошо управување со економијата и пад на животниот стандард на граѓаните. Од партијата велат дека тврдењата за наводни економски успеси се целосно невистинити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Состојбата со инфлацијата се следи, ако треба…

Владата ќе ја следи состојбата во текот…

(Видео) „Нема вам да ви докажувам“ –…

Стефан Богоев денеска излезе од притвор, откако…

„ДОБРОВОЛНО ИЛИ НА СИЛА, ЌЕ МОРА ДА…

„Доброволно или на сила, узурпаторите ќе мораат…

Гаши до Рокас: Собранието посветено работи на…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари…

Нови проблеми за Рама: Европската комисија ја…

Европската комисија ја повика Албанија да обезбеди…