Со возило на брзата помош се обидел да пренесе 320 килограми канабис

t

Со возило на Брза помош од приватна клиника, Грк се обидел да пренесе нешто помалку од 320 килограми суров канабис, но бил откриен и уапсен во грчкиот град Игуменица.

Како што соопштија од грчката полиција, при претресот на амбулантно возило во сопственост на приватна болница, биле пронајдени 13 торби во кои имало вкупно 129 пакувања канабис со вкупна тежина од 319 килограми и 200 грама.


Кај возачот било пронајдено и одземено мало количество кокаин, 900 евра и три мобилни телефони.

Полицијата го конфискувала и возилото на брза помош, а уапсениот ќе одговара за поседување, пренесување и трговија со дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Важна вест ако патувате во Грција: На…

Стапката на позитивност на грчките острови Миконос…

Русија протерува осум грчки дипломати

– Руското Министерство за надворешни работи денеска…

ЕУ не ги храни? Третина од Грците…

Секоја недела кафето во Грција има повисоки…

“Нема лабаво кај Ердоган”: Во Турција уапсен…

Турција уапси грчки државјанин под сомнение за…

Македонски автомобил падна во морето во Неа…

Автомобил со скопски регистарски таблички падна в…