Со месеци пробувала да се лекува, ја избркале од Државна: Инфомакс дознава детали за случајот со починатата 27-годишна девојка!

На млада 27-годишна девојка која престојувала во хотел во скопски Чаир синоќа ѝ се слошило поради што била повикана Инта помош која и укажала медицинска помош и ја транспортирала до Клиничкиот центар каде починала, информираат од МВР.
Инфомакс дознава детали за случајот. Според нашите информации девојката имала тежок облик на бронхит. Два месеци пробувала да добие третман во државните клиники но безуспешно, како што велат нашите извори девојката дури била “избркана” од Државна болница (Комплекс клиники “Мајка Тереза”) и ѝ било кажано да проба да се лекува во некоја од приватните клиники.
Девојката престојувала во хотелот во Чаир каде нејзиното момче ѝ ставало инфузии како дел од процесот на лечење.
Вчера вечер во 0:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека од хотел на улицата „Чаирска“ во Скопје за укажување лекарска помош била земена Р.Д.(27) која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починала, при што од лекар била констатирана смрт без траги на насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Чаир донира 1 милион денари за…
Советот на Општина Чаир усвои 1 милион…
Покана за семејствата погодени од трагедијата во…
Муслиманите од Скопје ги поканија семејствата на…
ДУИ: Чаир стана опасно место за живеење
Бесарта Алија од Демократската унија за интеграција…
Ученичка нападнала врсничка во школски двор во…
Уште еден случај на насилство меѓу малолетни…
„Домаќински и чесно“: 20 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА…
До април 2025 година ќе почнат градежните…