Со шипка му ја pacцветал главата: Kpвава драма поради недopaзбирање во сообраќајот во Гостивар

t

Основното јавно обвинителство во Гостивар поднесе обвинителен предлог против 20-годишен гостиварец кој се товари за кривично дело „насилство“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, по кратко сообраќајно недоразбирање со друг возач, на 25 април, обвинетиот, заедно со уште две непознати лица, го нападнале оштетениот. Притоа, обвинетиот со метална шипка го удрил оштетениот во задниот дел од главата, со што му нанел телесна повреда – нагмечување и нагмечно-расцепна рана. Откако му била укажана лекарска помош, оштетениот го пријавил настанот во полиција.


Со делото обвинетиот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други присутни лица – наведуваат од обвинителството. ​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник избоде врсник во Гостивар

Вчера попладне, било пријавено дека малолетник со…

Земјотрес го стресе Гостивар

Земјотрес од 2.2 степени денеска го стресе Гостивар. …

(Видео) Маж обвинет за убиство нападна членови…

Маж од Линдхерст беше обвинет за две…

Жена од Росоман се скарала со сопругот…

На 05.05.2022, полициски службеници од ОВР Kавадарци…

“За влакно” избегнато српско “Смилковско езеро”: Деветмина…

Група од девет српски девојки и момчиња…