Спасовски: Бегалски кампови во државата нема да има додека не станеме членка на ЕУ

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник „Neue OZ“ одговарајќи на прашањето зошто е потребна поддршка од европската агенција Фронтекс во делот на управувањето со границите, истакна: Македонија се наоѓа на многу посебна географска положба. Мигрантите патуваат од Грција, ЕУ држава, низ земја која не е членка на ЕУ, а потоа повторно влегуваат во ЕУ. Ова е предизвик за Македонија и за Европската Унија. Затоа, логично е да соработуваме со ЕУ на граница. Патем, ова не е ништо ново за нас. Седум години соработуваме со земјите од ЕУ за управување со границите. Распоредувањето на Фронтекс е логичен развој на оваа соработка, рече Спасовски.

Спасовски беше дециден по однос на прашањето за можен бегалски камп на ЕУ на македонска територија:

Нашиот став е многу јасен: Во Македонија не се спроведуваат процедури за азил за другите земји на ЕУ и тоа нема да се промени. Ако Македонија стане дел од Европската Унија, ова може да се промени. Но, сѐ додека тоа не е така, таквите центри ќе останат исклучени – истакна Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривичен го отфрли предлогот за мерки за…

Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен…

Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…

Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…

„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…

Студентите од белградските факултети се собраа пред…

ДУИ незадоволен од тоа што не е…

ДУИ е незадоволен од тоа што не…