Спасовски најави зголемување на платите во МВР

t

Имаме предвидено покачување оваа година за 5 отсто на сите вработени во МВР. Тоа ќе биде од септември, а вработените кои се вработени по Законот за работни односи и имаат потреба од усогласување со минималната плата, тоа е веќе направено“

Вака изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во вестите на Канал 5. Според него, доколку еден полицаец во 2012 година земал 19.355 денари плата, денес зема 22.787 денари, а со покачувањето во септември платата ќе му изнесува 23.883 денари.

Спасовски исто така потенцираше дека платата на инспекторите во 2012 изнесувала 22.503 денари, денес таа е 26.711 денари, а од септември ќе се покачи на 28.003 денари.

Ова е растот на платите. Ние разговараме и водиме преговори и се усогласуваме со сите синдикати. Секој добар предлог, кој е во интерес на министерството го спроведуваме, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Голема акција” на МВР: Пронајдени три запрежни…

На 03.10.2022 полициски службеници од Одделението за…

МВР ги демантира “лагите на синдикатот”: Инвестирани…

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира…

Биди хуман, донирај униформа: Независниот полициски синдикат…

Независниот полициски синдикат започнува акција за донирање…

Паланчанец лажно се претставувал како вработен во…

Полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР…

Акција на МВР: Приведен струмичанец

На 28.09.2022, полициски службеници од Секторот за…