Спасовски: Полицијата е отворена, транспарентна и блиска до граѓаните

t

“Мотото ‘МВР за граѓаните’ со кое го одбележуваме Денот на полицијата е мотото со кое работиме изминативе години. Полицијата треба да биде отворена и блиска до граѓаните, да биде транспаретна и институција до која граѓаните ќе може да се обратат во секое време“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Сител.

Тој додаде дека преку настаните, манифестациите се покажува дека полицијата е сервис на граѓаните и дека таа е тука за нивните потреби.

„Монографијата за работата на МВР во изминатите пет години е вистински одговор на сите лажни вести, бидејќи одогвор на лажните вести мора да биде вистината. Ова се факти кои не може да се побијат и кои се вистините, без разлика дали ни се допаѓаат или не“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека во изминатите пет години приоритет во МВР беше ставен на реформа на безбедносниот центар, на следењето на комуникациите, како и реформата на полицијата, новиот механизам на надворешан контрола и подобрување на условите за работа на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: МВР е посветено кон натамошното развивање…

Министерството за внатрешни работи е посветено кон…

Министерот Спасовски на работна средба со британската…

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска…

Спасовски открива: Понудив да биде најден друг…

Секој има право на свои видувања и…

Pacкол во СДСМ: Шилегов го кренал гласот…

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов бил воздржан…

Спасовски: Мирна новогодишна ноќ без нapушувања на…

Ова е една од најмирните новогодишни ноќи,…