Спасовски: СДСМ се грижи за националните и државните интереси

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на партиска трибина во Гази Баба рече дека СДСМ се грижи за граѓаните.

#СДСМ за грижи за граѓаните, но се грижи за националните и државните интереси, за безбедноста и иднината на оваа земја, порачав пред граѓаните во Гази Баба.

Сите државотворни одлуки важни за иднината на државата ги има донесено СДСМ. Оваа година конечно по 17 години чекање, ги почнавме преговорите за членство во ЕУ.

Јас сум еден од оние кои го потпиша Договорот со Фронтекс, на македонски јазик со чиста формулација без додавки и без фусноти.

Со тоа паднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за наводно бришење и преименување на македонскиот официјален јазик.

Како Македонци со македонски јазик ќе станеме и дел од ЕУ.

Политиките на СДСМ носат придобвки за граѓаните – Затоа и земјава се најде на 36-то место на листата најбезбедни земји во светот, напиша Оливер Спасовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владеачко-политички консензус за милијарда евра од Клинички…

Ќе добие ли некогаш Македонија нов Клинички…

Мециновиќ: СДС и ДПМНЕ се заедно во…

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ ја коментира…

Каевски: СДСМ успешно менаџира со енергетската криза

Преку одговорен пристап, со навремени и ефикасни…

СДСМ се фалат: За една година отворени…

Мерките и политиките, што ги креира Владата…